Еден ден по расправијата во Охрид помеѓу лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев и пратеникот Сашо Василевски, од партијата на Бачев велат дека се целосно разочарани од средбата и дека Василевски е човек со изгубено национално чувство.
„Пратеникот Сашо Василевски со наменски провокативни прашања кои беше очигледно дека претходно му ги спремиле во СДСМ, предизвика вербална расправија со претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев. Ваквото поданичко однесување на Василевски и не чуди земајќи предвид дека охриѓани велат дека се работи за превртлив човек кој менува партии од личен интерес, инволвиран во разноразни лајонес и масонски организации, своевремено и во обид за перење пари преку казина во Охрид со Албанци“, се вели во реакцијата на партијата на Бачев.
Единствена Македонија додава дека спротивно на тоа во пријатна атмосфера биле разменети мислења со пратеникот Љубен Арнаудов.
Бачев вчера во Охрид, на Василевски и Арнаудов пред нивните домови им предаде писма за причините зошто не треба да гласат за уставните промени.