Оваа прекрасна девојка била избркана од Лувр поради фустанот - гледате ли проблем на фотографијата?

Точка

10/11/2018

16:12

12.916

Големина на фонт

а а а

Австралиската блогерка и Инстаграм ѕвезда тврди дека нејзиното срце е скршено откако не ѝ дозволиле да влезе во парискиот Лувр поради премногу провокативниот фустан.

Њуша Сјех која на Инстаграм има повеќе од 230 илјади следбеници, го опишала своето негативно искуство со стражарот кој, наводно "одвратно и ужасно ѝ гестикулирал" пред да ѝ каже да се покрие. 

Таа на Инстаграм објавила фотографија од кафуле во кое седи во истиот фустан.

"Стражарот во Лувр ме запре и ми забрани да влезам поради аутфитот", напишала Сјех која додала дека непримерно ѝ гестикулирал, ѝ правел гримаси, пцуел и викал да се покрие.

Блогерката навела дека и претходно била во музејот во слична облека и "без никакви проблеми". Таа објавила уште една фотографија во истиот фустан, со опис дека "на Пикасо би му се допаднал нејзиниот аутфит".

Меѓутоа, мислењата на нејзините следбеници биле поделени - додека едни ја поддржале, имало и такви кои напишале дека таа сака само внимание.

Официјалната страница на музејот наведува дека посетителите не смеат да бидат во "костими за капење или голи, боси или со голи гради".



Спонзорирани линкови

Маркетинг