Eдинствена Македонија: Осумте пратеници се обидуваат да го исперат срамот

Макфакс

02/11/2018

13:51

1.993

Големина на фонт

а а а

Денеска во Собранието 8-те одметнати и уценети пратеници со евтини трикови се обидоа да се исперат од срамот со некакви нивни уставни амандмани со кои се подобрувал капитулантскиот договор со Грција, смета партијата на Јанко Бачев, Единствена Македонија.

Од партијата преку соопштение оценуваат дека пратениците кои ги поддржаа уставните измени очајнички се обидуваат да прикажат во јавноста дека не издржале поради доброто на народот.

„Тие се обидуваат да докажат дека ги штителе националните интереси иако македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на 30 септември порачаа дека не сакаат промена на името и членство во НАТО и ЕУ“, смета партијата.

Единствена Македонија, која ја поддржи кампањата „Бојкотирам“ на референдумот, тврди дека она што е содржано во три од четирите нивни амандмани веќе е содржано и во договорот со Грција, па оттука оценува дека наводните амандмани на 8-те пратеници се само наменско замајување на народот.

„Во целата оваа наменска игра битно е да се спомне само четвртиот амандман во кој е предвиден непристојниот пазар – формирање собраниско тело за помирување кое во суштина значи слобода за обвинетите пратенции во замена за гласање за промена на Уставот и бришење на сè што е македонско. Значи, вистината е една: оние 8 пратеници кои се одметнаа и гласаа за уставната ревизија носат огромна одговорност во историјата“, додава партијата на Бачев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг