Де Геа: Мораме да бидеме реални, Јунајтед…

Дерби

28/10/2018

14:41

2.701

Големина на фонт

а а а

Англискиот гигант, Манчестер Јунајтед и во оваа сезона не успеава да дојде до тоа што посакува, да се наметне и биде конкурентен за титулите во сите натпреварувања.

Веќе доживеа елиминација во англискиот Лига куп, во Лигата на шампионите е на второто место во групата Х, додека пак во Премиер лигата е далеку од врвот, на десеттата позиција со само 14 освоени бодови. Ова секако е далеку од она што се посакуваше, а тоа многу добро до знаат и играчите. Токму еден од нив, Давид Де Геа испрати јасна и конкретна порака оти време е да се го подогнат нивото на игра и да дојдат до резултати кои се прифатливи за клубот и навивачите.

-Ова не е нашата најдобра сезона, мора да бидеме реални, -рече Де Геа и додаде:

-Тимот имаше добри настапи, а имаше и такви што не беа толку добри. Мислам дека понекогаш се потпираме на моменти на брилијантност од нашите играчи во нападот. Ние не сме 100 проценти солидни одбранбено. Ние се подобруваме, но мислам дека треба да се подобриме во сите области. Точно е дека изгледа оти треба да примиме гол за да реагираме, напаѓаме и создаваме шанси. Не знам зошто е тоа така. Мораме да ги контролираме натпреварите, да создаваме шанси и да се подобриме од самиот почеток. Треба да се подобриме во секоја област. Мораме да се погледнеме, да победуваме, да собереме четири или пет победи за да отскокнеме на табелата, -порача Шпанецот преку „Скај Спортс“.

Денеска Јунајтед има меч од домашниот шампионат, го пречекува Евертон од 17 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг