Англиски „Тајмс” открива: Јувентус носи играч од Манчестер Јунајтед

Дерби

26/10/2018

13:43

1.579

Големина на фонт

а а а

Англиски „Тајмс“ излезе со новинарска бомба во врска со фудбалер на Манчестер Јунајтед кој го поврзуваат со трансфер во редовите на италијанскиот шампион Јувентус.

Се работи за голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа, кој е подготвен да си оди од редовите на Манчестер и да заигра во Серија А. Неговиот договор трае до 2020 година, меѓутоа не е среќен во редовите на англискиот клуб.

Според најавите на Манчестер, тие се подготвени да го продолжат договорот со де Хеа, меѓутоа Јувентус притискаат и сакаат да го донесат во своите редови за евентуална трансфер сума која би се движела од 80 до 100 милини евра. Очигледно е дека голманот би ја одбере опцијата да заигра во Серија А, поради сите случувања во Јунајтед, кои не одат во негова полза.



Спонзорирани линкови

Маркетинг