Единствена Македонија: Заев да каже во чии џебови се слеа поткупот од Грција во виснина од 50 милиони евра

Макфакс

25/10/2018

13:04

1.516

Големина на фонт

а а а

Зоран Заев очајнички ширеше лаги за руски пари во Македонија надевајќи се дека лажната пропаганда ќе му помогне на референдумот, велат во соопштение од партијата Единствена Македонија.

Оттаму исто така констатираат дека лагите на Заев не поминале, а македонскиот народ и поголем дел од граѓаните масовно го бојкотирале референдумот на 30. септември.

„Вистината е како шило. Врти, врти, па ќе излезе на виделина. Вистината е навистина како шило и излезе на виделина. Се виде дека во Македонија немало руски пари, туку имало грчки пари. Им благодариме на грчките министри Панос Каменос и Никос Коѕиас кои на седница на грчката влада обелоденија дека во грчкото министерство за надворешни работи имало таен фонд од 50 милиони евра за купување политичари, новинари и медиуми во Македонија за промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ“, се наведува во партиското соопштение.

Од Единствена Македонија истакнуваат дека и по пет дена од оваа, како што ја нарекуваат, скандалозна информација, од власта има целосен молк за истата. Поради тоа го повикуваат премиерот Заев да каже како и меѓу кого се поделени 50 милиони евра во Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг