Голот на Дибала се покажа како клучен на „Олд Трафорд“, играчите на Реал испратени со свирежи на „Бернабеу“

Дерби

23/10/2018

23:43

3.265

Големина на фонт

а а а

Јувентус беше далеку подобар тим на вечерашниот дерби меч кој се одигра на „Олд Трафорд“, па на крајот сосема заслужено ги однесе трите бода за Торино од гостувањето во Манчестер кај екипата на Јунајтед.

Тимот на Масимилијано Алегри максимално сериозно го сфати овој предизвик и во првото полувреме буквално играше „викторија“ пред голот на Де Хеа, а само фантастичните интервенции на шпанскиот стручњак ги спречија гостите да имаат доста поуверливо водство на паузата.

Сепак, барем за минимална предност се погрижи Пауло Дибала кој погоди по еден центаршут на Роналдо и неуспешен обид на Квадрадо, па од непосредна близина без проблеми го совлада Де Хеа. Во вториот дел, Јунајтед успеа да ја поправи играта и да ги спречи налетите на Јувентус, но сепак беше немоќен да направи нешто поконкретно и да се избори барем за бод во големиот меч на театарот на соништата.

Од останатите натпревари, за издвојување се уште победите на Реал Мадрид и Манчестер Сити, со тоа што во шпанската престолнина беше доста бурно по крајот на мечот. Европскиот шампион се изнамачи со Викторија Плзен и едвај победи со 2:1 (Бензема, Марсело – Хросовски), резултат кој ги налути фановите на Реал кои со свирежи ги испратија играчите и тренерот Лопетеги.

Што се однесува до мечот во Украина, Манчестер Сити многу полесно од очекувањата славеше со 0:3, а стрелци на головите беа Давид Силва, Ајмерик Лапорт и Бернарндо Силва.






Спонзорирани линкови

Маркетинг