Роналдо: Вистината ќе излезе на виделина

Дерби

22/10/2018

20:42

2.660

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо се подготвува за враќањето на „Олд Трафорд“ во дресот на Јувентус, а вечерва се појави и на прес-конференцијата на која зборуваше за натпреварот против Манчестер Јунајтед од Лигата на шампионите.

Португалецот има голем респект за домашниот тим, но очекува поволен резултат.

– Не очекува тежок натпревар, Јунајтед има квалитетен тим и менаџер. Тие се домаќини, но ние сме Јувентус, ако играме како што бара тренерот, можеме да победиме. Враќањето во Манчестер секогаш е посебно емотивно за мене, – истакнал Роналдо.

Италијанските новинари не пропуштиле да го постават и прашањето за обвинувањето за силување на Картин Мајорга во Лас Вегас.

– Јас сум среќен човек, пред две недели излеговме со соопштение, не сум овде да кажувам лаги, верувам во работата на моите адвокати. Уживам играјќи фудбал и во мојот живот и оставам за таа работа да се грижат луѓето кои се задолжени за тоа. Вистината ќе излезе на виделина, – потенцирал фудбалерот на Јувентус по што прес-офицерот на Јувентус му се заблагодарил, а англиските новинари не добиле шанса да му постават дополнителни прашања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг