Подгответе се: Apple најави конференција - пристигнуваат нови компјутери и таблети!

Точка

22/10/2018

18:16

2.250

Големина на фонт

а а а

Секако, официјално се уште ништо не е познато, но речиси сигурно е дека ќе видиме нови таблети, надоградени преносни компјутери и секако, унапреден iMac.

Apple, освен новите модели на Ајфон и новиот паметен часовник кои што ги претстави минатиот месец, за оваа година има подготвено уште некои новитети, а за што точно станува збор, ќе дознаеме на 30-ти октомври.

Тој датум е резервиран од Apple - ќе се одржи конференција во Њујорк на која што можеме да очекуваме претставување на нови модели на таблети и компјутери.


Кога станува збор за таблетите, би требало да бидат претставени два модели на iPad - 11 инчен и 12,9 инчен модел со екран од раб до раб, без Touch ID, туку со технологијата за препознавање на лице Face ID, а се споменува и USB-C приклучок. Тоа што новите модели би можеле да го загубат во однос на актуелните е 3,5 мм влезот за аудио слушалки.

Веќе подолго време исто така кружат гласини за новиот и поевтин преносен компјутер на Apple. Тоа би можело да биде наследникот на 13-инчниот MacBook Air, или нова верзија на 12-инчниот MacBook. Конкретни информации за овој уред се уште нема, но јасно е дека новиот преносен компјутер на Apple ќе пристигнен со понапреден хардвер, подобар екран и најверојатно, поволна цена.


Новитети можеме да очекуваме и кога станува збор за iMac. Освен стандардно понапредниот хардвер, овој компјутер би требало да има значителни подобрувања кога станува збор за екранот, а се споменува и поддршка за True Tone.

Љубителите на најмалиот компјутер на оваа компанија - Mac Mini исто така може да бидат изненадени, затоа што Apple после долго време планира надоградба на овој компјутер. Сигурно во куќиштето ќе се најдат нов процесор и графика, како и повеќе меморија, а се надеваме дека цената на новите модели ќе остане најмалку иста како што е цената на актуелните модели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг