Мајсторија на годината: Спировски и Ференцварош нокаутирани со гол од слободен удар од 60 метри

Дерби

22/10/2018

14:27

2.558

Големина на фонт

а а а

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Спировски со својот Ференцварош го загуби саботниот меч против Пушкаш Академија во унгарскиот шампионат.

Ова беше огромно изненадување, но уште поспецифично е како домаќините дојдоа до триумфот од 1-0. Автор на победата беше Јанос Хагедуш и тоа со погодок од слободен удар од 60 метри.

Оваа мајсторија сигурно ќе влезе во конкуренција за гол на сезоната во Унгарија, но и во некои други значајни избори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг