ДПА ќе продолжи да ги поддржува уставните измени, рече Тачи на средбата со Палмер

Макфакс

22/10/2018

13:38

790

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Демократската Партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, денеска во Скопје во резиденцијата на американскиот амбасадор Бејли се сретна со заменик-помошникот државен секретар, Метју Палмер.

Како што пренесуваат од службата за информирање на ДПА, на средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација, за имплементацијата на Преспанскиот договор, како и за реформскиот процес.

Тачи на средбата истакнал дека ДПА ќе продолжи таксативно да ги поддржува уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор, како и процесот на реформи за целосна интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ.

За време на состанокот Палмер ја потврдил целосната поддршка од САД за Преспанскиот договор и за агендата што ја води земјата до членството во НАТО и во ЕУ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг