Крсто го гледаше Крсто како ја пее химната од говорницата

Макфакс

22/10/2018

11:49

4.428

Големина на фонт

а а а

Во судницата на кривичниот суд, за настаните од 27 април, обвинителката Ивана Трајчева побара да биде изведен доказот видеоснимка, каде пратеникот Крсто Мукоски на говорницата ја пееше македонската химна на 27 април и викаше: Македонија, Македонија.

По скандирањето на Мукоски, добива аплауз.

“Треба ли после ова да правиме инциденти?” праша Мукоски на 27 април, од говорницата во Собранието. “Избори, избори”, викаше Мукоски.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ потоа почнуваат со песната “Едно име имаме во душата го носиме”.

Пратениците од СДСМ потоа извикуваат “Шутка не ти бега Никола”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг