Донарума излета, Икарди безмилосен: Интер славеше над Милан со гол во судиското продолжение

Точка

22/10/2018

09:08

1.922

Големина на фонт

а а а

Синоќа на „Џузепе Меаца“ во Милано беше одигран 222-от „Дерби Дела Мадонина“ помеѓу Интер и Милан на кој славеа „Нераѕурите“ со голот на Мауро Икарди во втората минута од судиското продолжение.

Интер во најголемиот дел од натпреварот беше подобар и поконкретен тим на теренот, а првото големо возбудување се случи во 13-та минута кога Мауро Икарди ја затресе мрежата на Донарума, но неговиот гол беше поништен поради офсајд.

Во 34-та минута нова голема шанса за Интер – Де Фрај ја погоди стативата, а набрзо потоа и Икарди пропушти голема шанса. До крајот на првиот дел имаше уште еден поништен гол – Мусачо постигна гол за Милан, меѓутоа од офсајд, па после првите 45 минути, резултатот беше 0:0.

Темпото на игра падна во вториот дел, а можеби и најголемата шанса ја имаше Матео Политано кој во 58-ма минута не успеа да го совлада Донарума.

Кога се очекуваше последниот судиски свиреж, Интер стигна до голема победа над лутиот градски ривал. Весино нафрли топка во шеснаесетникот на Милан, Донарума имаше очајна проценка, а сето тоа го казни капитенот на Интер, Мауро Икарди кој им донесе на своите соиграчи три бода.

Интер се наоѓа на третото место на табелата со 19 бода, додека Милан е на разочарувачкото 12-то место со исто толку бодови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг