Нови шокантни детали околу убиството на новинарот: Мртвото тело го завиткале во тепих, а потоа еден Саудиец ги облекол неговите алишта...

Точка

22/10/2018

10:27

4.318

Големина на фонт

а а а

Висок саудиски функционер под услов да остане анонимен, откри што се случувало во зградата на саудискиот конзулат во Истанбул деновите кога новинарот Џамал Кашоги бил убиен.

Последната верзија околу убиството на Кашоги, додека саудиските власти изнесуваат крајно контрадикторни верзии, доаѓа од анонимен саудиски функционер. Според него, 15 саудиски агенти биле испратени да се соочат со Кашоги и тие на 2-ри октомври му се заканувале на новинарот.

Според него, тие требало да го дрогираат и киднапираат, а кога тој се спротиставил, работите тргнале наопаку, по што новинарот, истакнат критичар на властите од Ријад бил убиен.

Еден од агентите наводно потоа ги облекол алиштата на Кашоги со цел да се прикаже дека новинарот сепак ја напуштил зградата на конзулатот. Турските истражители се сомневаат дека телото на Кашоги било исечено на парчиња, но анонимниот саудиски функционер открива дека лешот бил завиткан во тепих и предаден на „локален соработник“ кој што имал задача „да го среди тоа“.

Саудиските власти после две седмици негирање дека се на било каков начин вмешани во исчезнувањето на Кашоги, минатата сабота признаа дека новинарот бил убиен во конзулатот во Истанбул. Најпрвин тврдеа дека Кашоги бил убиен случајно во тепачка, а само еден час подоцна, друг саудиски функционер изјави дека новинарот бил задавен.

Според последната верзија на „приказната“, саудиските власти сакале да го убедат Кашоги, кој пред една година се преселил во Вашингтон затоа што стравувал дека властите ќе му се одмаздат поради неговото критикување на режимот, да се врати во Саудиска Арабија.

Поради тоа Саудијците испратиле 15 лица кои што требало да го убедат, односно да го киднапираат и заплашат, а доколку тој сепак издржи и одлучи да не се врати во Саудиска Арабија, да го пуштат на слобода. Сепак, работите тргнале наопаку, па агентите го убиле Кашоги.

Откако Кашоги влегол во зградата на конзулатот, одбил да разговара со оперативецот Махер Мутреб за негово враќање и му рекол дека неговата вереница е надвор и дека веднаш ќе им се јави на турските власти доколку не излезе за еден час од конзулатот.

Кашоги тогаш го запрашал Мутреб дали планираат да го киднапираат, а оперативецот му одговорил дека ќе го „дрогираат“, со цел да го заплаши. Тогаш Кашоги почнал да вика, а членовите на тимот панично реагирале и во обид да го замолчат, го задавиле.

За да го прикријат убиството, тие го завиткале неговото мртво тело во тепих, а еден од оперативците ја облекол неговата облека и излегол од конзулатот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг