Единствена Македонија ја поддржува одлуката на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не ги поддржат уставните измени со кои се бришат македонскиот народ и македонската држава, велат од партијата.
„Истовремено, им честитаме на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за храброста против силните притисоци на кои беа изложени од страна на марионетската власт во Скопје и нејзините странски ментори и на тој начин се вброија во светлите страници на македонската историја“, се вели во соопштението.
Единствена Македонија, велат од партијата, на неколку наврати бараше од македонскиот народ да остане спокоен оти Македонија ниту ќе го смени името ниту ќе стане членка на ЕУ и НАТО.
„Сега останува да ја заокружиме битката. Оваа битка за народот, за државата Македонија, а не за некои други странски интереси, ќе ја решиме со вонредни избори на кои ненародната власт ќе биде поразена“, велат од Единствена Македонија.