Пет места во Турција кои треба да ги посетите

Точка

17/10/2018

15:41

6.245

Големина на фонт

а а а

Која е првата работа која ја помислувате кога некој ќе ја спомене Турција? Дали тоа се шарените балони во единствената Кападокија? Или можеби неверојатната архитектура на Сината џамија во Истанбул? Искуства, пренесени на Interepid Travel велат дека Турција нуди многу повеќе од наведеното.

Истанбул и Кападокија се магични, но оваа прекрасна медитеранска земја има многу повеќе да понуди. Овие се местата кои во Турција, покрај наведените две, морате да ги посетите. 

Памукале


Памукале во превод значчи "памучен замок" и е мал УНЕСКО град кој вреди да се посети. Овој комплекс на единствени минерални извори се наоѓа во југозападна Турција во близина на градот Денизлија. Локалитетот се состои од топли извори кои создаваат необичен облик на плитки терасести базени, настанати од преливањето на минералната вода и таложењето на минералите.

Конија


Конија е главен град на истоимената покраина, по површина најголема во Турција. Според податоците од 2010 Конија е седмиот град во Турција според број на жители. Старото латинско име за градот е Икониум, кој според Новиот завет го посетил Свети Павао. Според преданијата, грчкиот филозоф Платон е погребан во Икониум.

Селчук


Селчук е град на западот на Турција, во јужниот дел на покраината Измир и административен центар на истоимениот округ. Според податоците од 2008 година има речиси 28.000 жители. Настанувањето на ова подрачје започнало околу 3.000 г.п.н.е. во древен Ефес, оддалечен на три километри од центарот на градот. Самиот Селчук прво го имаше грчкото име Агиос Теологос, а подоцна Турците го нарекле Ајасолук.

Ефес


Ефес е антички град кој се наоѓа на западното крајбрежје на Мала Азија, на местото каде некогаш беше коритото на реката Каистрос. Се состои од низа населби кои го следеле крајбрежјето и се повлекувалe кон брегот, од хеленизмот до римскиот период. Древниот Ефес е извонреден пример на римски пристанишен град со морски канали, поради што е запишан на листата на УНЕСКО.

Каш


Каш е шармантно мало место со медитеранска атмосфера, сместено на издолжениот полуостров Чукурбаг. Оддалечено е само на седум километри од грчкиот остров Кастелоризо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг