Турски функционер открива: Телото на исчезнатиот новинар било исечено на парчиња во саудискиот конзулат

Точка

17/10/2018

09:41

3.662

Големина на фонт

а а а

Деновиве турските истражители за прв пат влегоа во саудискиот конзулат во Истанбул и пребарувале девет часа, откриваат очевидци за британската новинска агенција „Ројтерс“.

Саудискиот новинар Џамал Кашоги е убиен во саудискиот конзулат, а неговото тело било исечено на парчиња, открил неименуван турски функционер за „СиЕнЕн“ со што всушнот беа потврдени нагаѓањата дека критичарот на саудиските власти бил брутално ликвидиран во зградата на конзулатот во Истанбул.

Речиси истовремено откако беше пласирана оваа информација од „СиЕнЕн“, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал со саудискиот престолонаследник Мохамад Бин Салман кој што го уверил дека за убиството не знае апсолутно ништо.


Од друга страна, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турските истражители извршиле детално пребарување во зградата на саудискиот конзулат: „Истрагата проверува многу работи како што се токсични материјали и најразлични други материјали кои што би можеле да понудат одговори“.

Покрај тоа, од „СиЕнЕн“ деновиве известија дека Саудиска Арабија се подготвува да признае дека Кашоги бил убиен во текот на испрашувањето кое што тргнало наопаку, откако речиси две седмици властите од Ријад негираа дека се вмешани во исчезнувањето на новинарот.


Турските власти исто така соопштија дека поседуваат аудио снимка која што докажува дека Кашоги бил убиен во конзулатот.

Инаку, новинарот Кашоги ја напуштил Саудиска Арабија затоа што стравувал дека ќе заврши во затвор поради критиките кон тамошната власт. Тој пишувал колумни за The Washington Post и ја критикувал воената интервенција на Саудиска Арабија во Јемен. Во конзулатот во Истанбул влегол за да побара документи за стапување во брак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг