Се урна авион во Украина, загинаа двајцата пилоти

Макфакс

16/10/2018

20:22

4.350

Големина на фонт

а а а

Двајца пилоти загинаа откако се урна украински борбен авион Су-27, за време на заедничка воена вежба на украинската и американската војска.

Авионот се урнал околу 16 часот кај селото Уланив, во областа Виниција, 180 километри југозападно од Киев, соопшти војската на Украина.

„Според прелиминарните податоци се работи за ловец Су-27 кој учествува во маневрите ‘Светло небо 2018’“, рекол за „Франс прес“ портпаролот на украинските воздушни сили.

Воената вежба почна на 8 октомври во централна Украина и треба да заврши во петок. Во неа учествуваат околу 700 војници на осум земји членки на НАТО како и 40-ина авиони, меѓу кои и американски ловци Ф-15.



Спонзорирани линкови

Маркетинг