Саудискиот конзул избега од Турција

Макфакс

16/10/2018

19:40

4.336

Големина на фонт

а а а

Конзулот на Саудиска Арабија ја напушти Турција неколку часа кога беше најавено дека полицијата ќе изврши претрес во неговата резиденција во рамките на истрагата за исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги, јави турската агенција „Анадолија“.

Конзулот Мохамед ал-Отаиби ја напуштил Турција со авион во 14 часот по локално време. Од Саудиска Арабија засега нема коментар за неговото заминување.

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе изврши претрес во неговата официјална резиденција и возила што се во сопственост на конзулатот. Не е наведено точно кога ќе биде извршен претресот.

Турските форензичари го завршија претресот во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул рано утринава, две недели по исчезнувањето на новинарот. Висок турски функционер денеска рекол дека полицијата при претресот на конзулатот нашла одредени докази што укажуваат на тоа дека Кашоги е убиен во објектот.

Турските власти претходно изразија сомнеж дека саудиски агенти го убиле Кашоги во конзулатот и дека се ослободиле од неговото тело. Саудиска Арабија рече дека ваквите тврдења се неосновани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг