Половина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од дискусија за уставните измени

Макфакс

16/10/2018

18:05

3.220

Големина на фонт

а а а

Половина од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои беа пријавени за збор на седницата за уставните измени, се откаажаа од дискусија.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, не одговори кои се причините за ваков потег, но неофицијално насоките се од партискиот лидер Христијан Мицкоски, бидејќи не се реализираше неговото барање да се обрати од собраниската говорница.

На листата со говорници од опозицијата останаа пратениците Трајко Вељановски, Нола Исмаиловска и пратениците Владанка Авировиќ од СПМ и Панчо Минов од ГРОМ, а претходно говореше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа Милевска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг