Македонските надежи безмилосно му се одмаздија на Гибралтар

Дерби

16/10/2018

16:58

1.349

Големина на фонт

а а а

Младата фудбалска репрезентација до 21 година ни одблиску немаше квалификациски циклус како оној историскиот кога се пласираше на Европското првенство во Полска, но барем денеска успеа чесно да се прости од квалификацискиот циклус кој нема да се памети по добро.

Македонија ја завршува квалификациската група како претпоследнопласирана екипа, со тоа што денеска беше значително подобрена гол разликата во дуел со противникот од кој го претрпевме најсрамниот пораз. Македонските надежи загубија на гостувањето кај Гибралтар, но затоа денеска им се одмаздија на своите врсници од оваа земја со високи 6:1 со кои како да го искажаа бесот за сите лоши натпревари во последно време.

Димитар Митровски со хет-трик беше човек на мечот, а во листата на стрелците во победата од 6:1 се запишаа уште Руфати, Ѓорчев и Здравковски кои го потврдија триумфот кој треба да послужи како поттик за далеку подобри изданија на избраниците на Добринко Илиевски на следниот квалификациски циклус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг