Арнаудов: За уставните промени ќе одлучам исклучиво во интерес на државата

Макфакс

16/10/2018

16:21

2.930

Големина на фонт

а а а

Пратеникот Љубен Арнаудов по одложувањето изјави дека никој го нема известено за амнестија или какво било помирување. На прашањето дали би гласал за уставните промени во замена за амнестија, Арнаудов изјави дека амнестијата е политичка одлука, нема никаква поврзаност со судот и дека за уставните промени ќе одлучи исклучиво во интерес на државата.

Пратеникот Сашо Василевски, кој исто така е обвинет за насилствата во Собранието на 27 април, а кој денеска со кривичниот совет на скопска единица му беше укинат куќниот притвор и ќе се брани од слобода со гаранција од приближно 400 илјади евра, по одложувањето на денешното рочиште не сакаше да даде никаков коментар за ваквата одлуката на судот.

Василевски сега ќе може да гласа за уставните измени во Собранието, а пред судот денеска не сакаше да ја коментира и вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев за помирување.

Денешното рочиште за настаните од 27 април е одложено за утре во 10 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг