Заев: Не ми паѓа на памет да влијаам врз судови, но треба помирување

Макфакс

16/10/2018

13:09

2.343

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев од Собранието порача дека позитивно го сфаќа предлогот да седнат со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и да разговараат.

„Секогаш сум за дијалог“, рече Заев.

Додаде дека не му паѓа на памет да влијае врз судови, но неопходно е помирување и прошка.

„Ќе ја пуштиме ли Македонија да го направи чекорот? Ова е како некој самохран родител од внатрешноста што треба да го пушти детето на Финки. Граѓаните на избори го предаваат легитимитетот на пратениците за тие да носат одлуки. За прашњето за името одлучивме да го прашаме народот. Тие што излегоа кажаа ‘да’, а оние што не сакаа да одлучат, останаа дома. Македонија мора да донесе одлука што поскоро“, порача Заев пред пратениците.

Во Собранието и денеска продолжи расправата по Предлогот за пристапување кон уставните измени. Во текот на вчерашниот ден власта и опозицијата останаа на своите спротиставени ставови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг