Ракетата која за 107 секунди минува 200 километри: Поради ова моќно руско оружје Америка ѝ се заканува на Индија

Точка

16/10/2018

11:33

5.763

Големина на фонт

а а а

Рускиот ракетен систем "S-400" Triumph важи за ден од најубиствените ПВО системи на светот. Ги пресретнува сите типови на ракети и авиони, а дострелот му е речиси 400 километри, а времето на реакција му е 8 секунди.

Истовремено може да лансира дури 36 ракети на саканите мети. 

Прв пат влегол во оперативна употреба во вооружените сили на Руската Федерација во 2007. година.

Распореден бил во Сирија, а Русите тврдат дека ракетата "S-400" лансирана од Дамаск доаѓа до Тел Авив за 107 секунди.

Освен што во целост го "заклучува небото",предизвикува и дипломатски судири меѓу сојузници.

Најновиот конфликт избил откако Индија објавила дека ќе купи руски ПВО, и така дополнително кренала тензија во регионот, посебно во односите со соседен Пакистан. Ситуацијата дошла до таму што САД и се заканиле на Индија со воведување на санкции доколку купи S-400, слично како и во ситуацијата со Турција од пред неколку месеци.

Овој систем користи четири ракети на својата лансирна рампа, односно четири со различен дострел. Има можност за детектирање на летала со намален одраз или "Stealth", на далечина од околу 150 километри. Неговиот радар овозможува следење и набљудување на далечина од дури 570 километри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг