Додека народот живее тешко, не може да се прехрани и се бори со болести, владата купува луксузни автомобили

Точка

16/10/2018

10:39

6.389

Големина на фонт

а а а

Папуа Нова Гвинеја купила три луксузни лимузини од марка "Bentley" за потребите на азиско-пацифичкиот самит следниот месец, што дополнително ја вознемирило јавноста по купувањето на 40 возила "Maserati" за истиот настан.

Автомобилите "Bentley Flying Spur", нарачани за самитот во Порт Моресби, ќе чинат по повеќе од 228.000 американски долари, известуваат австралиските медиуми. 

Весниците наведуваат дека возилата патуваат океански кон оваа сиромашна островска држава. Објавени били и сметките од деталното купување од една малезиска компанија.

Премиерот Питер Онил веќе се нашол на удар на критики бидејќи потрошил 6,4 милиони долари на флота од автомобили "Maserati", кои ќе ги пренесуваат учесниците на самитот за Азиско-пацифичка економска соработка APEK по ПРТ Морезби, каде половина од населението живее во картонски населби.

Критичарите сметаат дека парите можеле да бидат потрошени за решавање на социјални проблеми во земјата, во која повторно се појавуваат болести како туберкулоза и детска парализа.

Опозициските пратеници се заканиле со започнување на штрајк на национално ниво, тврдејќи дека купувањето на луксузните автомобили е симбол на корумпираната власт.

Владата на Папуа Нова Гвинеја тврди дека новите автомобили се неопходни за престижен настан како што е самитот "APEK" и дека подоцна ќе бидат продадени во приватниот сектор.

Властите тврдат дека листата на купци е веќе составена, а опозицијата тоа го демантира.




Спонзорирани линкови

Маркетинг