Банкари имале важен состанок кога огромен питон паднал од плафонот помеѓу нив: Започнало бегање на сите страни

Точка

15/10/2018

15:36

4.016

Големина на фонт

а а а

Голем питон, долг 1,5 метри и тежок пет килограми паднал од плафонот на една банка во кинескиот град Нанинг, плашејќи ги вработените во текот на состанокот.

Змијата влегла во филијалата на кинеската банка "Industrial and Commercial" во автономната кинеска покраина Гуангси, за во еден момент да падне од плафонот помеѓу двајца од вработените, пренесува австралискиот "ABC". 

На снимката од безбедносните камери се гледа како вработените бегаат во сите правци откако питонот паднал на подот, а потоа се сокрил зад каучот. Персоналот веднаш ја повикал службата на комунална зоохигиена која брзо пристигнала на местото и со професионални помагала ја фатила змијата, ставајќи ја во проѕирна ќеса.

Питонот, како што е соопштено, не бил отровен и веројатно бил одгледуван од лице кое живеело во близина на филијалата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг