За викендов сончево време, со температури над просекот

Макфакс

12/10/2018

19:21

1.132

Големина на фонт

а а а

Викендов, како и следната недела ќе продолжи периодот на сончево време со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат студени, а дневните температури ќе бидат без позначителни промени и ќе се задржат малку над просекот за овој период од годината.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повеќе облачност ќе има во источните делови, соопшти УХМР. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 3 до 9, а дневната од 21 до 28 степена.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 25 степена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг