Саудиска делегација пристигна во Турција поради истрагата за исчезнатиот новинар

Макфакс

12/10/2018

13:42

1.482

Големина на фонт

а а а

Делегација на Саудиска Арабија пристигна во Турција поради истрагата околу исчезнувањето на истакнатиот саудиски новинар Џамал Кашогиј, објави Ројтерс повикувајќи се на два неиумнувани турски извори.

Вест ја пренесе и турската агенција Анадолија, која додава дека членовите на делегацијата ќе разговараат со турските власти за време на викендот.

Претходно денеска, турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција сака да соработува со Саудиска Арабија во истрагата за исчезнатиот новинар.

Џамал Кашогиј исчезна на 2 октомври, кога последен пат го посетил конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул. Тој е колумнист на „Вашингтон пост“, кој ја критикуваше саудиската влада, ја напушти земјата минатата година и се пресели во САД. Минатата недела отишол во саудискиот конзулат во Истанбул за да ги собере потребните документи за својата претстојната свадба, но оттогаш му се губи секаква трага. Според свршеницата на исчезнатиот новинар, саудијските чувари ѝ рекле дека тој веќе го напуштил објектот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг