Ријад прифатил една седмица подоцна: Турските власти влегуваат во саудискиот конзулат во Истанбул во потрага по исчезнатиот новинар Џамал Кашоги

Точка

09/10/2018

18:01

3.013

Големина на фонт

а а а

Турското министерство за надворешни работи денес соопштило дека турските власти ќе го пребараат конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, во рамките на истрагата за исчезнатиот саудиски новинар, Џамал Кашоги.

Саудиските власти ја известиле Анкара дека се отворени за соработка и дека ќе дозволат зградата на конзулатот да биде пребарана, се наведува во соопштението. 

Турското министерство не прецизирало кога ќе се пребараат просториите на конзулатот.

59-годишниот Кашоги исчезнал пред една седмица, откако влегол во конзулатот за да добие документи потребни за склопување брак со својата турска свршеничка.

Турските службеници стравуваат дека тој бил убиен во комплексот на конзулатот, додека саудиските службеници наведуваат дека тој ја напуштил зградата неповреден, но не пружиле докази дека тој некогаш излегол од неа.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера го повикал Ријад да пружи докази дека Кашоги жив го напуштил конзулатот.

Кашоги ја напуштил Саудиска Арабија минатата година, откако ја критикувал саудиската политика во Јемен и притисокот кој се врши на критичарите на власта.




Спонзорирани линкови

Маркетинг