Романец уапсен за силувањето и убиството на бугарската новинарка: Полицијата го открила бруталниот злосторник

Точка

09/10/2018

14:33

4.211

Големина на фонт

а а а

Бугарската полиција го уапсила осомничениот за убиството на новинарката Викторија Маринова.

"Можеме да кажеме дека осомничениот е приведен", рекол изворот, не сакајќи да изнесува детали. 

Портпаролот на бугарското Министерство за внатрешни работи не сакал ни да ја потврди, ни да ја демантира оваа информација, наведувајќи дека министерството подоцна во текот на денот ќе се огласи со соопштение.

Истовремено, бугарското национално радио јавува дека државјанин на Романија е уапсен во врска со ова тешко злосторство.

Бугарската истражувачка новинарка, 30-годишната Викторија Маринова била брутално претепана, силувана и задавена во саботата во градот Русе на северот на Бугарија, а нејзиното тело било пронајдено во паркот во близина на реката.

Маринова била новинарка и уредничка на бугарската телевизија TVN и известувала за истрагата за наводната корупција поврзана со фондовите на Европската Унија.

Бугарскиот државен обвинител Сотир Цацаров претходно предупредил дека внимателноста е неопходна во оваа фаза од истрагата.

Според неговите зборови, службениците ги следат сите нивоа на истрагата за нејзиното убиство, пренесува "AP".

"Во оваа фаза мора да бидеме внимателни, не затоа што немаме што да кажеме, туку затоа што секој непрецизно изговорен збор може да ја загрози нашата работа", рекол Цацаров.

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, изразил надеж дека истрагата ќе биде успешна и ги замолил медиумите да не вршат притисок на форензичарите кои се пратени во Русе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг