Германија остро го осуди убиството на бугарската новинарка

Макфакс

08/10/2018

16:24

908

Големина на фонт

а а а

Германската влада остро го осуди убиството на бугарската новинарка, Викторија Маринова, нарекувајќи го брутално и ужасно убиство.

Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи посочи дека е потребно да се спроведе брза истрага и тој ужасен настан да биде расветлен колку што е можно потемелно.

Свен Гиголд, член на Зелените во Европскиот парламент, рече дека цела Европа треба да биде загрижена поради убиството, објави АП.

„Првo Малта, потоа Словачка, сега Бугарија. Неприфатливо е во Европа повторно да бидат убивани новинари“, рече Гиголд.

Тој го повика Европскиот парламент бргу да испрати делегација во Бугарија за да помогне во истрагата.

Бугарската истражувачка новинарка Викторија Маринова (30) била брутално тепана, силувана и задавена во саботата во градот Русе во северна Бугарија, а нејзиното тело беше пронајдено во парк во близина на река.

Маринова била новинар и уредник на бугарската телевизија ТВН и известувала за истрага за наводна корупција во врска со фондовите на ЕУ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг