Единствена Македонија до Заев: Отфрли го договорот со Грција и ајде сите на избори

Макфакс

08/10/2018

13:57

1.502

Големина на фонт

а а а

Единствена Македонија го подржува предлогот со кој се бара Зоран Заев да го отфрли договорот со Грција како единствено можнo решение за надминување на актуелната кризна состојба преку распишување на вонредни парламентарни избори, соопшти партијата.

„Истовремено, изразуваме силна загриженост доколку СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ државата повторно ја доведат недозволиво во очите на демократските држави да се претставува како незрела демократија, која не може да обезбеди излезни решенија без меѓународно туторство.

За Единствена Македонија и македонскиот народ, нема дилема. Во однос на надминувањето на оваа најнова криза со немањето двотретинско мнозинство за уставните измени, најдобро е тоа самите да го направиме.

Дотолку повеќе, со распишувањето на нови избори Зоран Заев ќе има можност да води кампања во која отворено ќе се залага за Договорот со Грција, па, народот да одлучи врз основа на искрени понуди земајќи предвид дека на претходните избори Заев го измами народот оти не вети дека доколку победи ќе се залага за промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Значи, на потег сега е Зоран Заев. Ако е искрен и не блефира нека го отфрли дговорот со Грција и ајде да се соочиме со народот на избори“ порачаа од Единствена Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг