Исчезнал шефот на Интерпол! Франција отворила голема истрага

Точка

05/10/2018

19:29

4.957

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Интерпол, Менг Хонгвеи исчезнал и француската полиција отворила голема истрага.

Како што пренесуваат француските медиуми, од него никој не слушнал ни глас откако пред една недела отпатувал во Кина, својата родна земја. 

Неговото исчезнување го пријавила неговата сопруга со која, заедно со децата, живее во Лион, каде се наоѓа седиштето на Интерпол.

Според зборовите на изворот од француската полиција, семејството на Менг не можело да стапи во контакт со него, ниту да го лоцира.

Како што пренесува агенцијата "Reuters", поратпаролката на Интерпол не била достапна за коментар.

64-годишниот Хонгвеи во 2016. година бил избран за претседател на Интерпол, а претходно бил заменик министер за јавна безбедност во Кина и директор на Крајбрежната стража.