Наградата им побегна на Ципрас и Заев: Нобеловата награда за мир отиде во рацете на активисти за борба против сексуално насилство во војна

Точка

05/10/2018

12:09

3.589

Големина на фонт

а а а

Активистите Денис Муквеге и Надија Мурад се добитници на овогодинешната Нобелова награда за мир поради својата борба за сузбивање на користењето на сексуалните злосторства во воени злосторства и вооружен конфликти.

Муквеге е гинеколог по струка, а својот живот го посветил на одбрана на жртвите од силување. Тој е основач на болница во Букава во Демократска република Конго, каде се специјализирал за помош на жените жртви на силување и сексуално насилство од страна на војници и екстремисти. Тој заедно со својот персонал им помогнал на голем број на жртви. 

Нобеловиот комитет рекол дека Муквеге е "најистакнатиот симбол и националната и интернационалната борба да се стави крај на сексуалното насилство во вооружени судири".

Како што наведува "Guardian", тој со години се наоѓал на самиот врв меѓу фаворитите за престижната награда.

25-годишната Надија Мурад е јазидска активистка која и самата била жртва на сексуално злосторство од страна на припадниците на ИСИС во Ирак. Од септември 2016. година, таа е првата амбасадорка на добра волја на Обединетите нации за достоинството на преживеаните од трговија со луѓе.

Таа со своите сведочења за нападите на неа и другите придонела целиот свет да дознае за нив. Мурад била киднапирана заедно со бројни други девојки во 2014. година, кога џихадистите ја убиле нејзината мајка и шесте браќа. Добитничка е на бројни награди за активност за борба за човекови права. Станала втората најмлада добитничка на Нобелова награда за мир по Малала Јусуфзаи, која на 17 години станала лауреат, наведува "Guardian".

Двајцата ќе ја поделат наградата од околу милион долари.

Нобеловиот комитет објавил дека оваа година дошле повеќе од 300 номинации за наградата за мир, меѓу кои кандидатури на 216 лица и 115 организации.

Меѓу фаворитите биле и американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун, како и грчкиот и македонскиот премиер, Алексис Ципрас и Зоран Заев.




Спонзорирани линкови

Маркетинг