Четворицата осомничени Руси кои што биле идентификувани од страна на холандските власти поседувале дипломатски пасоши.
Холандската безбедносна служба фатила и протерала четворица Руси кои што наводно планирале да изведат сајбер напад на агенцијата за превенција, односно контрола на користењето на хемиското оружје “OPCW” во холандскиот град Хаг. Операцијата била планирана од разузнавачи на руската воена разузнавачка служба „ГРУ“.
“OPCW” во последно време се занимаваше со истражување на хемискиот напад на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во британскиот град Солсбери, кога од руските шпиони тој беше нападнат со контроверзниот нервен агенс „Новичок“.
Нешто претходно, исто така и од Велика Британија ја обвинија руската воена разузнавачка служба „ГРУ“ дека стои зад четири сајбер напади од висок профил кои што за мети ги имале компании од Русија и Украина, американските Демократи и помала телевизиска мрежа во Велика Британија. Секако, од Русија веднаш ги отфрлија тие обвинувања.
Четворицата осомничени и идентификувани од страна на холандските власти имале дипломатски пасоши, како и агенти за поддршка, пренесува британски „БиБиСи“. Тие изнајмиле автомобили и биле забележани како го надгледуваат седиштето на “OPCW” пред да го извршат хакерскиот напад.
Лаптопот кој што холандските власти им го одзеле на осомничените открива дека тие исто така имале операции и во Бразил, Швајцарија и Малезија. Во Малезија бил користен за истрагата за исчезнатиот авион од летот „МХ-17“.