СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во барањата за амнестија на Груевски

Макфакс

03/10/2018

10:15

865

Големина на фонт

а а а

Нервозните реакции на раководството на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека опозициската партија сè уште е заглавена во поразената матрица на Никола Груевски и барањето амнестија за криминалот, велат од СДСМ.

„Фокусирани на барање амнестија, Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ целосно го загубија правецот на дејствување и недозволиво омаловажија над 600 илјади граѓани, прогласувајќи ги за нерелевантни. Нема ништо порелевантно од волјата на над 600 000 граѓани. Граѓаните се најважни“, велат од партијата.

Волјата на граѓаните на реферeндумот, велат од СДСМ, е јасно изразена, граѓаните се за иднина на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Над 600 000 граѓани кажаа дека се за напредок и интеграција. Сите пратеници, сите политички партии треба да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани и треба да се вклучат во процесите за членство во ЕУ и НАТО“, велат од партијата.