Русите го испорачаа моќниот ракетен систем како одговор за соборувањето на авионот: Сега ги обучуваме Сиријците!

Точка

03/10/2018

09:35

2.312

Големина на фонт

а а а

Русија го испорача првиот ракетен систем „С-300“ на сириската армија, потврди рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Тој го известил рускиот претседател Владимир Путин дека освен „С-300“ против-воздушниот систем, во Сирија било испратено и друго дополнително оружје за да се зголеми безбедноста на руските војници кои што се распоредени во воените бази ширум Сирија.

„Во рамките на одлуката на претседателот, започнавме да спроведуваме низа на мерки насочени кон јакнење на системот на против-воздушна одбрана на Сирија, кој што има за цел, меѓу другото, да ги заштити нашите војници. Завршивме со испораката на „С-300“. Ова вклучува 49 технички единици, локатори за осветлување, основни системи за детекција, контролни машини и лансери“, изјави Сергеј Шојгу.


Според рускиот министер за одбрана, ќе бидат потребни три месеци за сириските војници да бидат обучени да го користат рускиот против-воздушен систем.

„Ние го одредивме тимот за управување со против-воздушниот систем и веќе започнавме да ги обучуваме“, изјави рускиот министерт за одбрана Сергеј Шојгу, пренесува руската новинска агенција „ТАСС“.


Рускиот министер открил дека Москва немала намера да го испорача против-воздушниот систем во Сирија се додека не се случи инцидентот со соборувањето на рускиот авион „Ил-20“, по што руската армија била приморана да превземе мерки за заштита на своите војници.

Да потсетиме, сириската против-воздушна одбрана, со ракета лансирана од ракетниот систем „С-200“, по грешка погоди и собори руски авион, по што загинаа 15 руски војници. Грешката настанала откако израелски борбени авиони кои што бомбардирале позиции на сириската армија, го искористиле рускиот авион како штит, па ракетата наместо во израелските авиони, завршила во рускиот авион.



Спонзорирани линкови

Маркетинг