По 55 години, Нобелова награда за физика ја доби жена

Макфакс

02/10/2018

19:08

2.104

Големина на фонт

а а а

Тројцата научници Артур Ашкин од САД, Дона Стрикленд од Канада и Жерар Моро од Франција ја добија Нобеловата награда за физика. Шведската кралска академија на науките соопшти дека наградата им е доделена за достигнувања во оптичката физика.

Половина од наградата оди за физичарот Ашкин, за унапредување на технологијата на оптички пинцети и нивната примена во био-медицината. Стрикленд и Моро ќе ја поделат втората половина од наградата, а им е доделена за инвенции и развој на ултра-кратки и интензивни оптички импулси што се применуваат во корективната очна хирургија.

Тие ќе поделат премија од девет милиони шведски круни (998.618 долари).

Канаѓанката Стрикленд е прва жена добитничка на Нобеловата награда за физика.Таа е третата физичарка која ја добила оваа награда, по Марија Кири во 1903 и Марија Геперт-Мајер во 1963 година. 

„Прво што ќе помислиш кога ќе слушнеш е дека ова е лудо и се прашуваш дали е вистина. Пресреќна сум и за Ашкин и за Жерар, кој беше мој супервизор и ментор и многу ја заслужи наградата“, изјави 59-годишната Стрикленд.

Вчера беше соопштена Нобеловата награда за физиологија и медицина, а ја добија Џејмс Алисон од Универзитетот во Тексас и Тасуку Хонџо од Јапонскиот универзитет во Кјото за нивните откритија во терапијата против рак. Наградата за мир ќе биде соопштена во петок, а во понеделник наградата за економски науки. Награда за литература годинава нема да биде доделена поради сексуален скандал поврзан со Шведската академија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг