Единствена Македонија ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не се плашат од заканите на марионетската власт

Макфакс

02/10/2018

14:46

1.712

Големина на фонт

а а а

Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија на референдумот во неделата јасно порачаа дека не сакаат членство во НАТО и дека не сакаат промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, соопштија од Единствена Македонија.

„Ги потсетуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои сега ја имаат историската одговорност за Македонија и Македонците дека немаат мандат од македонскиот народ за негово обезличување и дека спорот за името не е прашање на една пратеничка група или на една партија, туку на македонскиот народ“, се наведува во соопштението.

Единствена Македонија ги повикува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не се плашат од заканите и притисоците од марионетската власт бидејќи власта ќе нема време да ги оствари оти по 30 септември почнува процесот на паѓање на ненародната власт во Скопје.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да одолеат на големите искушенија за поткуп и купување каде во игра биле и по 2 милиони евра по пратеник оти нема такви пари со кои може да се купи светото македонско име. Единствена Македонија располага со сознанија дека доколку кој било од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се согласи на промена на Уставот и бришење на вековното македонско име, во такво случај нема да успеат да стигнат ниту до државната граница при нивниот обид за бегство од Република Македонија.

Единствена Македонија потсетува дека доаѓа новата народна легална власт која ќе расчисти со националните предавници и ќе изврши ревизија и конфискација на украденото од позиција на власт во изминатите 27 години во кои се украдени околу 15 милијарди евра“, додаваат од партијата.