Како ќе изгледа британскиот имиграциски систем после Брегзит? Нема повеќе слободно движење на европските граѓани на Островот!

Точка

02/10/2018

16:24

3.608

Големина на фонт

а а а

Британскиот имиграциски систем после Брегзит приоритет ќе им даде само на високо квалификуваните работници, а работниците од Европската унија ќе бидат третирани како и оние од било која друга земја, соопшти британската премиерка Тереза Меј.

„Тоа ќе биде систем кој ќе се темели на работните вештини, систем кој ќе ја вреднува способноста на работниците, а не тоа од каде доаѓаат. Тоа ќе биде систем кој ќе гледа кон целиот свет и ќе ги привлекува луѓето со вештини кои ни се потребни“, изјави Меј во соопштението.

Британската премиерка додава дека Велика Британија, кога конечно ќе ја напушти Европската унија, ќе воспостави „имиграциски систем кој ќе стави крај, еднаш засекогаш, на слободното движење“ на европските граѓани во Велика Британија, а новиот број ќе овозможи намалување на бројката на ниско квалификувани имигранти.


„Тој нов систем ќе овозможи намалување на имиграцијата на ниско квалификуваните лица. Со тоа Велика Британија ќе тргне по патот на намалување на имиграцијата на одржливо ниво, како што беше ветено“, изјави Меј.

Токму стравувањата од прилив на мигранти во Велика Британија, како што беше случај со Германија, беше клучната работа поради која што британските граѓани во 2016-та година изгласаа напуштање на земјата на Европската унија. Во 2016-та година во Велика Британија пристигнаа 273 илјади мигранти, а Меј во пресрет на парламентарните избори во јуни 2017-та година вети дека ќе го намали бројот на мигранти на помалку од 100 илјади.


Британската премиерка треба да открие повеќе детали околу предностите на својот план во среда на конгресот на Конзервативната партија во Бирмингем.

Според новите правила, лицата кои што ќе сакаат да започнат живот во Велика Британија, ќе мора да докажат дека имаат доволно ниво на примања. Исто така, нема да смеат да ги заземаат работните места кои што вообичаено би ги пополниле британските државјани. Визите за студенти ќе бидат исклучени од тие критериуми.