Четири извори потврдуваат за "Reuters": „Уривањето на авионот во Казахстан е предизвикано од руски проектил …“

Точка

26/12/2024

18:16

1.548

Големина на фонт

а а а

Во страшната авионска несреќа загинаа 38 лица, од нив 29 се спасени, а сè уште нема официјални информации за причините за несреќата…

Уривањето на азербејџанскиот патнички авион во Казахстан е предизвикано од руска ракета земја-воздух, според извори од владата на Азербејџан во интервју за "Euronews".

Набргу по објавата на "Euronews", четири извори запознаени со истрагата за "Reuters" потврдија дека патничкиот авион бил соборен од руски проектил…


Во страшна авионска несреќа загинаа 38 лица, од нив 29 се спасени, а сè уште нема официјални информации за причините за несреќата …

Авионот патувал од Баку за Грозни.


Владини извори во Баку за "Euronews" изјавија дека оштетениот авион не смеел да слета на ниту еден руски аеродром, и покрај барањата на пилотот за итно слетување, и му било наредено да прелета над Каспиското Море до Актау, Казахстан. Системите за навигација на авионот биле заглавени во текот на летот над морето. Сето тоа го има во сè уште необјавените документи на прелиминарната истрага.

Во моментот на несреќата Русите гаѓале проектили на украински беспилотни летала над Чеченија.


„Проектилот бил испукан кон летот 8432 при „активност на дрон“ над Грозни, а шрапнели ги погодиле патниците и членовите на екипажот кога проектилот експлодирал покрај авионот за време на летот“, пишува "Euronews".

„Проектилот е истрелан од противвоздушниот одбранбен систем „Pantsir-S “ – тврди азербејџанскиот медиум "AnewZ".


Руски извори потврдуваат дека нивните сили за противвоздушна одбрана активно се обидувале да соборат украински беспилотни летала во моментот кога авионот на Азербејџан ерлајнс минувал над територијата на Чеченија…

Пристигна реакција на Кремљ: Погрешно е да се изнесуваат хипотези

Набргу откако почнаа да се шират теориите дека авионот бил соборен од руска ракета, реагираше портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.

„Би било погрешно да се изнесуваат какви било хипотези пред заклучоците на истрагата. Ние, се разбира, нема да го сториме тоа и никој не треба да го прави тоа. Мора да почекаме истрагата да биде целосно завршена“, рече Песков.