Гутереш: Политичарите да продолжат со имплементација на договорот од Преспа

Макфакс

02/10/2018

10:53

1.099

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, по референдумот во Македонија, ги повика политичарите во земјата да продолжат со имплементација на договорот од Преспа.

„Фактот дека големо мнозинство од гласачите го поддржаа преспанскиот договор е важен. Ги повикувам сите политички сили во земјата да продолжат со спроведувањето на договорот преку институциите на земјата“, се наведува во писмената изјава на Гутереш, објавена на веб-страницата на ОН.

Гутереш ја повторува посветеноста на Обединетите нации да ја обезбедат потребната поддршка за земјата, доколку е потребно.