Војната околу Брегзит станува лично препукување! Поранешниот министер објавил фотографија со која се потсмева со премиерката

Точка

02/10/2018

09:20

2.569

Големина на фонт

а а а

Поранешниот британски министер за надворешни работи, Борис Џонсон, ја исмеал премиерката на таа земја, Тереза Меј, објавувајќи фотографија на која трча низ поле, а токму таа сцена премиерката ја опишала кога во едно телевизиско интервју ја прашале што е "најпалавата" работа што некогаш ја направила.

Тереза Меј во јуни 2017. година во тоа интервју признала дека "трчала низ житни полиња" со пријателка и дека локалните "фармери не биле премногу воодушевени од тоа". 

Пред важниот говор на конференцијата на Конзервативната партија, Џонсон бил фотографиран како во близина на својот дом трча низ поле, кое речиси сигурно не е житно, но има жолто-кафена боја, пренесува порталот "Politico", со оцена дека Џонсон продолжува со обидите да ја напаѓа Меј.

Во својот извештај за раното утринско трчање на Џонсон, "Daily Mirror" покрај фотографијата напишал "Сладок Исусе".

Поранешниот шеф на британската дипломатија е во жесток спор со премиерката поради нејзината стратегија за Брегзит.