Димитров: Не дигам раце од Македонија додека не ја биде!

Макфакс

01/10/2018

20:30

3.282

Големина на фонт

а а а

По информациите што се појавија во медиумите дека поднел оставка од функцијата, министерот за надворешни работи Никола Димитров се огласи на Фејсбук. Тој на неговиот профил објави дека не се опткажува од Македонија додека не ја биде.

„Не им доаѓа ум. Специјална војна почнаа. Значи, како што вели Виктор Иго, нема ништо посилно од една идеја на која и’ дошло времето. Ќе ни’ ја биде нашата Македонија! И не дигам раце додека не ни’ ја биде!“ напиша Димитров.

Министерството за надворешни работи претходно ги демантираше информациите за наводната оставка на Димитров.