Дерковски: Еден од двата услова за успешен референдум не е исполнет

Макфакс

30/09/2018

23:13

7.969

Големина на фонт

а а а

Државната изборна комисија врши организација на овие процеси, одлуките се сметаат за усвоени ако за нив гласале повеќе од половината граѓани запишани во Избирачкиот список, освен за одредени прашања ако поинаку не е утврдено.

Треба да се исполнат двата кумулативни услова, јасно е дека на овој референдум не е исполнет еден од условите, изјави претседателот на ДИК, Оливер Дерковски. Тој истакна дека ДИК не навлегува во политички коментари, туку само го цитира законот.



„Член 30, став 1 во Законот за референдумот вели дека одлуките на референдум се сметаат за усвоени ако за нив гласале мнозинството од вкупниот број граѓани што гласале доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број гласачи запишани во Избирачкиот список, освен во случаите кога за одделни прашања со Уставот и со овој Закон поинаку не е утврдено. Што значи во согласност со овој член потребно е исполнување на двата кумулативни услова за да се донесе одлука на референдумот. Во овој случај, по 85-6 отсто пребројани гласови од трендот што го имаме на процентот на одѕивот, јасно е дека еден од условите нема да биде исполнет, односно на референдумот не е донесена одлука“, рече Дерковски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг