Обраќање на премиерот Заев: Доколку пратениците на ДПМНЕ не ја почитуваат одлуката на мнозинството, ќе има предвремени избори

Точка

30/09/2018

19:57

12.151

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев се обрати во пресрет на пребројувањето на гласовите на денешниот референдум за промена на уставното име на државата.

„Почитувани, граѓаните и институциите денеска спроведоа мирен и демократски референдумски ден. Граѓаните покажаа дека се дел од семејството на европски држави и народи, гласаа достоинствено и слободно. Секој донесе своја одлука по сопствено убедување. Гласот е конечен, а волјата е неприкосновена и мора да се почитуваат. Во демократијата, одлуките се носат со гласање. Денеска имавме успех и им честитам на граѓаните“, изјави Зоран Заев.

„Успехот е заеднички на сите граѓани, безразлика на организираниот бојкот на ВМРО-ДПМНЕ со чесни исклучоци. Очекувам дека огромен дел на граѓаните го избрале патот за европска Македонија. Гласот на граѓаните на овој консултативен референдум сега треба да се претвори во политичка активност во законодавниот дом. Доколку, како што очекувавме, има видливо мнозинство „ЗА“, тогаш, јасна е иднината“, порача македонскиот премиер.

„Гласот на пратениците во Собранието треба да биде глас за забрзување на процесите за членство во НАТО и ЕУ и подобар живот за сите. Очекувам пратениците на ДПМНЕ да ја почитуваат одлуката на мнозинството, во спортивно ќе треба да ја употребиме другата демократска алатка, а тоа се предвремени парламентарни избори веднаш. Јас ќе продолжам да ја водам нашата земја напред и Македонија ќе биде членка на НАТО и Европската унија“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг