Македонија неповратно се движи кон полноправно членство во ЕУ, посочи Османи на затвoрање на дводневниот скрининг

Макфакс

28/09/2018

17:37

2.348

Големина на фонт

а а а

Вицепремиерот Османи и Еврокомесарот Јоханес Хан на официјалното затвoрање на дводневниот скрининг за Поглавје 23 во Берлејмонт заклучија дека успеале Македонија неповратно да се движи кон полноправно членство во Европската унија и од овој пат враќање назад нема.

Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан им се придружи на претставниците на Република Македонија и Европската комисија на вториот ден од работниот состанок за објаснувачки скрининг за Македонија и Албанија за подготовка на преговорите за полноправно членство во Европската унија.

Веднаш по заклучните согледувања, Заменик Претседателот на Владата, Бујар Османи и еврокомесарот Хан одржаа и заедничка прес-конференција.

Вицепремиерот Османи израви благодаронст до Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, на Еврокомесарот Хан како и на администрацијата на ЕК, пред се ГД НЕАР предводен од Кристијан Даниелсон и Геновева де Руиз Калавера за упорноста и несебична посветеност да и помогнат на Македонија да ги премости своите предизвици кон интеграцијата во ЕУ.

Османи потенцираше дека „наскоро очекува македонскиот јазик да се приклучи на останатите официјални јазици на Унијата, а и затоа што вчера и денес Република Македонија испишува историја.” Тој истакна дека големата владино – државна делегација учествува на работни средби со претставниците на ЕК каде прецизно и детално се прегледува Поглавјето 23 – Правосудство и фундаментални права како дел од последната подготвителна фаза пред почетокот на преговорите.

„Навистина ова е моментот кој долго време го чекаме, за кој внимателно се подготвуваме, и за кој, со својот придонес се имаат вградено сите поранешни влади, кои ги претставуваат сите поважни политички фактори во земјата. Дозволете денес, на вториот ден од скрининг процесот да констатирам – успеавме. Македонија неповратно се движи кон полноправно членство во Европската Унија и од овој пат враќање назад нема“, посочи Османи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг