Од сабота облачно време со локални врнежи од дожд

Макфакс

27/09/2018

18:58

1.891

Големина на фонт

а а а

Од сабота следува период на променливо облачно време со услови за локален дожд. Утринските температури поради наоблачувањето ќе се зголемат, додека дневните ќе бидат без поголеми промени, соопшти УХМР.

Времето утре претпладне ќе биде ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност.

Попладне облачноста ќе се зголеми, особено во јужните делови каде ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од -3 до 6, а дневните од 19 до 25 степена.

Во Скопје сончево со мала, а попладне со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 1 до 23 степена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг