Започна дводневниот скрининг за Македонија, подготвени сме за партнерство со ЕУ, посочија Османи и Дескоска

Макфакс

27/09/2018

17:29

1.321

Големина на фонт

а а а

Денеска формално започна објаснувачкиот скрининг за Македонија и Албанија, како подготовка за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската унија.

Заменик Претседателот на Владата и главен политички преговарач, но и Шеф на Делегацијата за преговори со ЕУ, Бујар Османи, министерката за правда, Рената Дескоска и посебниот советник за евроатлантски интеграции на претседателот на Владата и главен технички преговарач и шеф на техничкиот преговарачки тим, Бојан Маричиќ ја предводат владино – државната делегација, составена од 40 експерти, на која Европската комисија ќе и го презентира Поглавјето 23 – Правосудство и фундаментални права.

Османи, Дескоска и Маричиќ се обратија на отворањето на дводневниот скрининг за Поглавјето 23 во Берлејмонт, подготвени сме за партнерство со ЕУ, друга алтернатива Македонија нема, тројцата беа согласни и ја испратија истата порака.

Вицепремиерот Османи посочи дека почетокот на скрининг процесот е историски момент и влез на Македонија во последната фаза во процесот на подготовка за преговори за полноправно членство во ЕУ. Дескоска, меѓудругото рече дека делегацијата е подготвена да ги вложи напорите во процесот на скрининг, а потоа во процес на преговори, бидејќи овие напори се инвестиција во мир, просперитет, стабилност и безбедност, како инвестиција во развојот на демократијата и заштита на човековите права, инвестиција во безбедна и просперитетна иднина на Македонија.

Маричиќ укажа дека Република Македонија е во клучна фаза на градење на преговарачката структура која ќе го води процесот на општествена трансформација и промена на однесување, кој е потребен за пристапувањето кон ЕУ, но верува дека партнерски однос со Европската комисија ќе помогне во исполнување на стратешката цел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг