Арсовски: Постојат сериозни индиции и сомнежи дека СДСМ подготвува масовен поткуп на гласачи

Макфакс

26/09/2018

15:45

983

Големина на фонт

а а а

Постојат сериозни индиции и сомнежи дека СДСМ подготвува масовен поткуп на гласачи за претстојниот референдум, само за некој глас повеќе за поддршка на капитулантскиот договор на Зоран Заев и Алексис Ципрас, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Барањето на Заев да се исплаќаат пари за откажување од сопствениот идентитет освен во приватните компании, постојат сомнежи дека ќе се практикува и во државни институции. Кружат информации дека раководители ќе делат награди и бонуси само за граѓаните да се откажат од името. Целата операција чини поприлично и затоа гледаме секој ден нови задолжувања. Денес Министерството за финансии ќе објави проспекти за ново задолжување од над 30 милиони евра. Ова е само едно во низата милионски задолжувања на оваа власт во период од само неколку месеци“, изјави Арсовски.

Дека парите се трошат сомнително и завршуваат во нечии џебови говори и фактот што капиталните инвестиции се на историски најниско ниво до сега, додаде Арсовски и потенцираше дека нивото на реализација е најниско за изминативе 20 години, имено од почетокот на годината заклучно со месец август реализацијата на капитални инвестиции е само 23.3%.



Спонзорирани линкови

Маркетинг